Дома Трансфер зона Официјално: Бака ќе управува со „жолтата подморница“

Официјално: Бака ќе управува со „жолтата подморница“

Колумбискиот репрезентативец Карлос Бака се врати во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Виљареал, потврди денес шпанскиот клуб.

Бака изминатите две години го носеше дресот на Милан, но „росонерите“ ова лето направија револуција во тимот и за Колумбиецот повеќе немаше место на „Сан Сиро“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Виљареал ја искористи ситуацијата и го донесе Бака на едногодишна позајмица за која плати 2 милиони евра, а следното лето ќе има право да го откупи за додатни 16 милиони евра.

Бака во редовите на „жолтата подморница“ го задолжи бројот 9 и ќе треба да го замени Роберто Солдадо кој се пресели во Фенербахче.

Колумбиецот во Шпанија настапуваше за Севиља, каде се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи и две години со ред ја освојуваше Лигата Европа со тимот од Андалузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан спрема понуда за Арда Гулер

Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, пренесуваат …