Дома Фудбал Германија Официјално: Баерн го потврди инцидентот во соблекувалната, Мане доби казна!

Официјално: Баерн го потврди инцидентот во соблекувалната, Мане доби казна!

Aко досега само се шпекулираше дека нешто се случило во соблекувалната на Баерн, гигнатот од Минхен сега тоа и го потврди.

Имено, германските медиуми објавија дека Мане го удрил Сане по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а попладнево стигна реакција од раководството на клубот. Познато е каква дисциплина сакаат Германците, па затоа Мане е суспендиран.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Садио Мане нема да биде во тимот на Баерн за домашниот натпревар против Хофенхајм. Причината е недолично однесување по натпреварот против Манчестер Сити. Освен тоа, Мане ќе биде и парично казнет“, објави Баерн.

Мане денес тренираше со соиграчите и наводно ги решиле недоразбирањата со Сане. Медиумите претходно објавија и снимка од моментот кога започнал конфликтот помеѓу двајцата (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…