Македонија вечерва ги започнува квалификациите за ЕУРО 2020 против Летонија во Скопје, а веќе се познати и стартните постави.
Селекторот Ангеловски се одлучи за формација 4-4-2, а со оглед на карактеристиките на фудбалерите, мечот ќе ги започнеме офанзивно.
На голот ќе биде Столе Димитриевски, а пред него во одбраната Стефан Ристовски, Дарко Велковски Висар Муслиу и Езџан Алиоски.
Во средниот ред ќе бидат Енис Барди и Бобан Николов, Александар Трајковски и Ферхан Хасани ќе делуваат по крила, а во нападот Пандев и Несторовски.
Македонија: Димитриевски; Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски; Николов, Барди, Трајковски, Хасани; Пандев, Несторовски