Стивен Нзонзи по една сезона ги напушти редовите на Рома.
Францускиот репрезентативец, кој беше дел од селекцијата на „Триколорите“ која во Русија се искачи на врвот на светот, не успеа да се снајде во Италија, иако во редовите на „Волчицата“ пристигна со инсистирање на тогашчниот директор Мончи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега се сели во Истанбул, каде што следната сезона ќе настапува за актуелниот тамошен шампион, Галатасарај на едногодишна позајмица од Рома.
Тоа не е се, Галатасарај ќе може да ја продолжи позајмицата на уште година дена за пола милион евра, а ќе има и право да го откупат неговиот договор од Рома за 16 милиони евра до 30. јуни 2020. година, или за 13 милиони до јуни 2021. година.