Дома Топ вести Откриен планот на Гвардиола: Пристигнуваат „пеколни“ засиливања

Откриен планот на Гвардиола: Пристигнуваат „пеколни“ засиливања

Пеп Гвардиола им ја соопшти одлуката на управата на Манчестер сити. Тој разговарал со членовите и кажал дека ќе остане до крајот на договорот.

Сепак неговото долгорично останување во Манчестер Сити е поврзано со настапот на трансфер пазарот, Шпанецот бара да бидат донесени три засилувања пред тој да донесе одлука за продолжување на авантурата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Последните информации велат дека Шпанецот сака раководството на Манчестер Сити да го одврзе ќесето и да донесе три засилувања на „критичните“ позивии. Стратегот ќе бара и нов човек за неговиот тренерски персонал со оглед на тоа дека Микел Артета се пресели во Арсенал.

Најголем приоритет е засилување на одбраната, а најголема желба на Гвардиола е Маркињос од ПСЖ, како и левиот бек на Лестер, Бен Чилвел.

Што се однесува до замената за Сане, засега не му е потребна, но на лето сака да го донесе својот сонародник Ојарзабал и на крајот го сака Лаутаро Мартинез за кој планира да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…