Репрезентацијата на Франција вчера беше подобра од Португалија по изведувањето на пенали откако по 120 минути не видовме голови.
Најголемата ѕвезда на Французите, Килијан Мбапе не беше помеѓу изведувачите за време на пенал серијата, но сепак учествувал така што одржал говор пред соиграчите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе сакал да ги мотивира своите соиграчи и колку што е можно да го симне притисокот од нив.
„Само останете мирни момци. Добро сте запознаени, работевме на ова. Заборавете што се случувало, сега сте само вие и голманот. Без разлика што ќе се случи, остануваме заедно како тим“, зборувал Мбапе.
Во полуфиналето Франција сега ја чека натпревар против Шпанија која претходно беше подобра од Германија.