Дома Фудбал Откриено колку Клоп ќе заработи како глобален фудбалски шеф на Ред Бул

Откриено колку Клоп ќе заработи како глобален фудбалски шеф на Ред Бул

ЈИРГЕН КЛОП (57) ќе биде глобален фудбалски шеф на Ред Бул од 1 јануари 2025 година. Германскиот стручњак ќе ги советува сите клубови во сопственост на Ред Бул, како Лајпциг, Салцбург и Њујорк. Тој ќе им помогне во тренинзите, развивањето на фудбалската филозофија, развојот и доведувањето тренери и играчи и слични задачи.

Клоп веќе има потпишано долгорочен договор, во кој има вклучено клаузула според која може да ја напушти новата работа за потенцијално во иднина да стане селектор на германската репрезентација која моментално ја предводи Јулијан Нагелсман ( 37), чиј договор е со важност до летото 2026 година.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Веста прв ја соопшти Флоријан Плетенберг, која подоцна доби и официјална потврда. Инсајдерот на Скај сега откри и дека Клоп на новата работа ќе заработува 10-12 милиони евра годишно.

“Тој свесно ја избра оваа улога, а враќање на селекторската функција во моментов не доаѓа предвид. Сепак, функцијата селектор на германската репрезентација останува опција. Неговиот договор е долгорочен. Тоа е еднаш потврдено повторно дека има гаранција дека може да си замине доколку ја добие конкретната понуда што сака да ја прифати.

Нема излезна клаузула, како што секогаш се наведува, но постои опција за заминување. Сите вклучени вербално се согласија врз основа на меѓусебно почитување“, напиша Плетенберг.

Да потсетиме, Клоп летово го напушти Ливерпул каде беше тренер од 2015 година. Во тој период освои осум трофеи, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата во 2020 година и трофејот во Лигата на шампионите во 2019 година.

Заминувањето од Ливерпул го објасни со преуморот од фудбалот, поради што најави пауза. Меѓу другото, тој беше поврзуван со враќање во Борусија Дортмунд со која освои пет трофеи и во репрезентацијата на САД. Ги одби сите работни места до оваа во Ред Бул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ за малку ќе бил претепан во Милан – раскажа Пато!

Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдоминантните луѓе во светот на фудбалот, но во Милан…