Дома Фудбал Откриено: Бартомеу лажел, Суперлигата била спас за Барселона!

Откриено: Бартомеу лажел, Суперлигата била спас за Барселона!

Каталонскиот весник „Л’Еспорт“ објави текст во кој ги открива размерите на финансикиот крах во кој се наоѓа Барселона.

Овој медиум тврди дека новиот претседател и неговите соработници го преземале клубот во целосен хаос.
„Финансиската година се уште не е на крај, но уште сега е јасно дека клубот годината ќе ја заврши со минус од 400 милиони евра. Тоа нема врска со нереалниот најави на Хозе Бартомеу кој најавуваше буџет од 828 милиони евра“, стои во текстот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите тврдат дека гарнитурата на Бартомеу во буџетот ги пресметала и потенцијалните приходи од сувенири и посети на „Ноу Камп“ како и пласман на Барселона во четвртфиналето од Лигатан а шампионите. На крајот ги немаше и едното и другото, коронавирусот направи проблем во првиот план, а ПСЖ ја елиминираше Барселона во осминафиналето.

„Бартомеу во буџетот редовно го пресметуваше пласманот во четвртфиналето затоа што тоа беше нормално. Освен тоа во буџетот не се пресметени 70 милиони еврак ои клубот мора да ги исплати на играчите оваа година после одложувањето поради пандемијата. Откриени се и неверојатни клазула на одредени играчи за исплати на бонуси на крајот од договорот. Со анализата е утврдено дека на бројни играчи платата им расте од година во година, без разлика на резултатите. Од овие причини спас за Барселона беше Суперлигата, тие 350 милиони евра кои клубот би ги добил по основањето на лигата, така би се анулирала загубата од скоро цела година“, пишуваат Шпанците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…