Додека се чека официјализација на трансферот на Антоан Гризман во Барселона, медиумите ги открија сите детали од зделката.
Според последните информации Барселона ќе плати шест милиони повеќе од откупната клазула (120 милиони евра), а Атлетико таа сума веќе ја проследи до Бенфика за Жоао Феликс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците се согласиле да доплатат шест милиони евра затоа што Атлетико им овозможил тие 126 милиони евра да ги плаќаат на повеќе рати.
Покрај тоа шпанските медиуми успеаа да дојдат и до информации каков договор ќе има Гризман. Французинот ќе потпише договор на пет години со заработка од 17 милиони евра по сезона.
Трансферот поради клазулата на договорот мораше да биде реализиран после 1-ви јули, а „Марка“ открива дека официјалната промоција на Гризман на „Камп Ноу“ ќе биде во четврток, 11-ти јули.