Главните судии ќе заработуваат вистинско мало богатство.
Платите на фудбалските судии на Светското првенство во Русија се зголемени во однос на 2010. и 2014. година. Шпанските медиуми пренесуваат дека платата ќе зависи од тоа колку судиите се искусни и како котираат на ранг листата на судиите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така, оние најдобрите ќе имаат 57,000 евра и 2,500 за секој натпревар кој ќе го судат. Помошниците, од другата страна, ќе имаат 20,000 евра и 1,600 по натпревар.
Судиите пред Мундијалот, поточно на крајот на април, ќе имаат двенеделен семинар во Италија. По тоа, ќе биде одлучено кои натпревари ќе ги судат и кој ќе биде задолжен за ВАР.