На „Олд Трафорд“ веќе се бараат засилувања за следната сезона и враќање на самиот врв во англискиот и европскиот фудбал.
Британските медиуми сега пишуваат дека „Црвените ѓаволи“ пронајдоа совршено засилување за својата екипа во Португалија, а станува збор за играчот на Спортинг, Бруно Фернандес. Одличниот играч за врска ја игра сезоната на животот во дресот на Спортинг, па на себе го привлече интересот на некоклу европски гиганти како Челзи, Милан, Ливерпул…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, најсериозен во настојувањето да го обезбеди потписот на 24-годишниот играч за врска наводно е Манчестер Јунајтед кој веќе ги направил и првите контакти за реализација на трансферот. Се шпекулира дека Јунајтед веќе воспоставил контакт со агентцијата која го застапува Бруно Фернандес и биле направени првите разговори за неговиот можен трансфер на „Олд Трафорд“.
Фернандес оваа сезона одигра 41 натпревар за Спортинг во сите натпреварувања и постигна 23 гола со 13 асистенции, што е одличен учинок за играч кој не е класичен напаѓач. Треба да се додаде дека Фернандес има договор со Спортинг до 2023 година и дека во истиот има вградено откупна клаузула во износ од 100 милиони евра.
Инаку, Фернандес во Спортинг пристигна од Сампдорија летото 2017 година за нешто помалку од 10 милиони евра. Пред Сампдорија настапуваше за Удинезе, Новара и Боависта, клубот во чија младинска школа и помина.