Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Откриена вистинската причина зошто Варди не шутираше пенал против Колумбија

Откриена вистинската причина зошто Варди не шутираше пенал против Колумбија

Многумина беа изненадени што Џејми Варди не го шутираше одлучувачкиот, пети пенал против Колумбија во осмина финалето на Светското првенство.

Иако е познат како одличен изведувач на најстрогата казна, која редовно ја изведува во Лестер, Варди не беше меѓу оние кои ги шутираа пеналите и тоа од причина што во петатта минута од продолжението заработил еден удар во препоната поради што своето место одлучил да го отстапи на друг.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На крајот, одговорноста ја превзеде Ерик Даер, кој одлично го изведе петиот пенал и ја однесе Англија во четвртфинале. Инаку, Џејми Варди во последните осум сезони изведе 15 пенали и 12 пати беше прецизен, а по синоќешниот натпревар примил инекција која ја ублажила болката и ќе биде подготвен за натпреварот против Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дали Меси ќе игра на Мундијалот 2026 година?

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи…