Дома Фудбал Англија Островот во ШОК по изјавата на Клатенбург: Фабрегас се огласи прв (ФОТО)

Островот во ШОК по изјавата на Клатенбург: Фабрегас се огласи прв (ФОТО)

Марк Клатенбург во разговор за Би-Би-Си одлучи да признае дека имал план да го сопре Тотенхем на патот до шампионската титула во Англија.

Некогашниот судија беше главен арбитар на мечот помеѓу Тотенхем и Челзи кој заврши со резултат 2:2, по што клубот од „Вајт Харт Лејн“ остана без шанси да биде носител на титулата на Островот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Добро се сеќавам на натпреварот помеѓу Тотенхем и Челзи бидејќи во истиот влегов со план, Тотенхем да остане без шанси за титулата. Поделив дури девет жолти картони и можев да поделам три црвени, но не сакав. Да го направев тоа насловите би биле дека Клатенбург го уништил Тотенхем, но вака испадна дека на крајот самите себеси си чинеа титула“, истакна Клатенбург.

Откако одлучи по година и половина да ја отвори душата и да признае дека тој е еден од заслужните што Лестер направи чудо со освојување на титулата, се огласија многу јавни личности во Англија.

Еден од нив е и Цеск Фабрегас кој преку твитер порача дека е запрепастен по ваквата изјава на Клатенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…