Дома Фудбал Останато Освојуваше титули со Интер, Ајакс и Арсенал, а денес тврди дека спасил 542 животи

Освојуваше титули со Интер, Ајакс и Арсенал, а денес тврди дека спасил 542 животи

kanu

Поранешниот напаѓач на Ајакс, Интер и Арсена Нванко Кану, тврди дека неговата фондација спасила 542 животи.

Кану основа фондација која помага на децата со срцеви проблеми, а во разговор за „Гардијан“ истакна дека преку истата се спасени 542 животи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Спасивме 542 животи и продолжуваме да го правиме тоа. Оваа недела четири лица беа испратени во Судан и слушнав дека операциите биле успешни“.

„Се поврзавме со болниците и вршиме контрола, разговараме со родителите, ги образуваме и истовремено ги носиме децата во други земји на операции. Целта на фондација е да се изградат болници за срцеви проблеми во Африка, почнувајќи од Нигерија“.

„Како фудбалер освојувате трофеи и тоа е супер, но ова е навистина нешто поважно. И мене ми беше кажано дека имам проблеми со срцето и дека не можам да играм. Во тој момент ви се рушат сите соништа, но јас за среќа се изборив со проблемите. Не постои поголем тест од оној кога сте помеѓу живот и смрт и ако тоа го надминете, тогаш вие можете се. Мене тоа ми помогна да се изградам како личност со силен карактер“, изјави поранешниот фудбалер.

Кану освои три титули шампион на Холандија со Ајакс, со Интер триумфираше во Купот на УЕФА, додека со Арсенал стигна до две титули во Премиер лигата. Подоцна го носеше дресот на ВБА и Портсмунт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…