Дома Фудбал Освен Алаба Реал нема да има ниту едно друго засилување ова лето!?

Освен Алаба Реал нема да има ниту едно друго засилување ова лето!?

Навивачите на Рњал Мадрид со нетрпение го очекуваа летото и новите засилувања. Најмногу се зборуваше за Килијан Мбапе, но изгледа нема да има ништо од тоа. Во Реал пристигна само Давид Алаба кој беше планиран и претходно, па тоа не беше некоја вест.

Замина Рамос, се најавува трансфер и на Варан, а медиумите од шпанската престолнина пренесуваат лоши вести за навивачите. Првичните информации беа дека Реал ќе се обиде да продаде некои играчи, па да доведе некого. Меѓутоа денес тоа паѓа во вода.

Медиумите предводени од „Марка“ пренесуваат дека Флорентино Перез го известил раководството на клубот дека ова лето нема да има засилувања.

Дефинитивно вакво нешто ретко кој очекуваше, а навивачите ќе се надеваат дека сепак нешто ќе се промени затоа што летото се уште не е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куман се појави на прес, прочита соопштение и замина🎥

Неверојатна ситуација се случи во Барселона на пресконференцијата пред утрешниот дуел со К…