Дома Видео Општа тепачка во МЛС, Киелини главен „миротворец“ 🎥

Општа тепачка во МЛС, Киелини главен „миротворец“ 🎥

Фудбалерите на Лос Анџелес изминатата вечер на гости беа поразени од Оустин со 4:1.

Сезонава Лос Анџелес е еден од главнитењ фаворити за освојување на МЛС лигата, но тимот во кој има неколку ѕвезди на европскиот фудбал претрпе тежок пораз.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оустин им одржа вистинска фудбалска лекција и успеа да слави со 4:1. Домаќините водеа со 4:0, а утешниот гол го постигна Аранго на средината на второто полувреме.

Меѓутоа деталот кој го обележи овој натпревар се случи во 38. минута кога настана вистински хаос на теренот. Се започна кога Мурлио го турна Урути кој одлучи да му возврати и го нагази дефанзивецот на гостите. Судијата му прогледа низ прсти и му додели само жолт картон.

Но, после тој потег настана целосен хаос, дојде до физичка пресметка помеѓу фудбалери, а како главен „миротворец“ во целата ситуација беше Џорџо Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арс…