Дома Топ вести Опсесијата на Реал Мадрид конечно пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“?

Опсесијата на Реал Мадрид конечно пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“?

Реал Мадрид во овој трансфер период доведе три нови засилувања, Тео од Атлетико Мадрид, Дани Себаљос од Бетис и Винисиус од Фламенго. Како што беше најавено од клубот, до крајот на трансфер периодот ќе бидат донесени уште засилувања. Меѓу нив е и непражелениот играч.

Како што јавуваат медиумите на Островот, поточно „The Sun“, Реал подготвува понуда од 57 милиони евра за голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа. Ова ќе биде трет обид на „кралскиот клуб“ да го доведе одличниот Шпанец како замена за Кејлор Навас.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Иако од Јунајтед испратија порака дека Де Геа не е на продажба, во Реал не се откажуваат од доведувањето на овој голман. Неговиот трансфер во 2015. година од Манчестер во Мадрид пропадна во последните секунди и тоа поради некои документации.

Кралскиот клуб се подготви, но трансферот на крајот пропадна поради бизарни причини, а тоа е поради тоа што документите не пристигнаа на време во шпанската Примера.

Реал се подготви за претставувањето на новото засилување, се споменуваше пари плус Кејлор Навас, но поради горенаведените причини, трансферот пропадна што беше голем срам за Реал.

Но, овој пат, сосема се реални шансите работата да се заврши, бидејќи не е тајна дека во Мадрид не се задоволни од изданијата на Кејлор Навас. Сакаат промена и Де Геа е најдобриот избор, тим што ни самиот не ја крие желбата да се врати во родниот град во кој со голем успех го носеше дресот на Атлетико.

Ова ќе биде долго и неизвесно трансфер лето. А веќе е извесно дека Мадрид ќе крене во напад. Прашањето е само, колку сега ќе вредат зборовите на Мурињо. Впечатокот е дека сепак нема многу и дека дојдено е времето за разделбата за која се зборува со години…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зиркзе сака да се врати во Италија, Јувентус и Милан чекаат

Манчестер Јунајтед летово потроши огромна сума пари на засилувања, а еден од фудбалерите о…