Дома Фудбал Италија „Она што Роналдо е за Јувентус, тоа е Пандев за Џенова“

„Она што Роналдо е за Јувентус, тоа е Пандев за Џенова“

Горан Пандев вчера уште еднаш одигра важна улога во тимот на Џенова.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пандев влезе од клупата за резерви и го најави враќањето на Џенова која од 0:2 стигна до 2:2 против Удинезе. Македонскиот капитен беше стрелец на голот за намалување на водството.

Пандев погоди од околу 18 метри и тоа со десната нога. Од неговиот настап воодушевен беше италијанскиот новинар Сандро Сабатини кој значењето на Пандев за Џенова го спореди со она на Роналдо за Јувентус.

„Пандев е шампион, тој го менува текот на играта. Пандев за Џенова е тоа што Роналдо е за Јувентус“, изјави Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голема драма на Светското првенство: Зошто беше поништен голот на Хрватска? ФИФА објави доказ

Португалија ја елиминираше Хрватска со резултат 2:1 во 1/16 финалето на Светското првенств…