Дома Фудбал Останато Олимписката шампионка Семења ќе стане фудбалерка!

Олимписката шампионка Семења ќе стане фудбалерка!

Олимписката и светска шампионка во трките на 800 метри, Кастер Семења ќе тргне по стапките на Усеин Болт и ќе стане фудбалерка.

Семенја вчера се приклучи на тренинзите на фудбалскиот клуб од Јужна Африка „JVW“ и би можела да дебитира наредната календарска година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Благодарна сум за шансата што ми е пружена и ја ценам поддршката што ја добив од клубот. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека ќе можам да му помогнам на клубот“, изјави Семења.

Јужноафриканската атлетичарка нема да го брани златниот медал на 800 метри на Светското првенство во Доха, бидејќи е суспендирана поради поголемото ниво на тестостерон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …