Дома Фудбал Англија Озил претходната зима договорил трансфер во Италија, па се предомислил

Озил претходната зима договорил трансфер во Италија, па се предомислил

Германскиот фудбалер Месут Озил повторно се наоѓа на мета на шпекулации за можноста да го напушти Арсенал по крајот на сезоната.

Озил минатата сезона беше блиску до заминување од лондонскиот клуб бидејќи договорот му завршуваше ова лето, но одлучи да ја продолжи соработката до 2021. година. Со тоа стана најплатениот играч на Арсенал, но со игрите не ја оправдува улогата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овие денови на големо се пишува дека Озил и Емери не се во најдобри односи и дека нема да биде изненадување ако Германецот го напушти клубот. Наводно, Озил претходната зима бил на чекор до трансфер во Интер, но одлучил да ја одбие понудата.

Во Интер верувале дека работата е завршена, а дури и самиот Озил бил заинтересиран за трансфер во овој клуб, но на крајот се предомислил и ја продолжи соработката со Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Зимскиот трансфер период за 2026 година веќе заврши, а клубовите се активно подготвуваат з…