Meсут Озил денес и официјално ја заврши својата епизода во Фенербахче и стана дел од тимот на Истанбул Башакшехир.




Озил некогаш важеше за еден од најдобрите на својата позиција, но веќе подолг период не игра на нивото на кое с еочекува од него. Сепак, во Турција и понатаму имаат големи очекувања од него, па доби нов ангажман.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Германецот со турски корени не се раздели баш најдобро со Фенербахче. Денес на промоцијата во Башакшехир тој се појави заедно со своето семејство.




По промоцијата се оглас и на социјалните мрежи со кратка порака: „Ново поглавје…“.