Дома Фудбал Англија Озил ги отфрли шпекулациите: Останувам во Арсенал!

Озил ги отфрли шпекулациите: Останувам во Арсенал!

Германскиот фудбалер Месут Озил нема ништо против да остане во Арсенал.

Озил во моментов е еден од најплатените фудбалери на „Емирати“, но тој никогаш не успеа да ја пронајде вистинската форма, а во последните месеци се шпекулира дека ќе го напушти клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Фенербахче се споменува како еден од заинтересираните клубови, но се чини дека Озил не оди никаде од Арсенал.

„Презадоволен сум од мојот договор и ќе продолжам да играм овде и следните сезони. Исто така, не можам да предвидам што ќе донесе иднината и затоа сум возбуден“ – изјави Озил.

Да потсетиме дека договорот на Озил со Арсенал истекува до 2021. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…