Дома Топ вести Од Лестер пристигна шокантен одговор: Позната иднината на Ријад Марез!

Од Лестер пристигна шокантен одговор: Позната иднината на Ријад Марез!

Крај на сагата за Ријад Марез!

Тимот на Лестер беше „тврд орев“ но изгледаше дека Манчестер Сити и Гвардиола се доволно упорни да ги убедат „лисиците“ да го пуштат Алжирецот на „Итихад“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити беше упорен, по вчерашните две понуди денес пристигна и трета која изгледаше доволно добро и примамливо, но не и за управата на Лестер.

Последната понуда која Манчестер Сити ја испрати гласеше – 65 милиони фунти, плус играч, но одговорот на „лисиците“ беше шокантен. Имено, тие за својот фудбалер бараа огромни 90 милиони фунти.

Самиот фудбалер е бесен поради оваа ситуација и однесувањето на управата на неговиот клуб, а изгледа дека неговата лутина ќе кулминира после последната вест објавена на Островот.

Според, „Скај Спорт“ тука е крајот на сагата и Ријад Марез и после овој преоден рок ќе остане фудбалер на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…