Дома Фудбал Останато Од Кина тврдат дека Озил наседнал на лажни вести: Нека дојде сам и нека провери

Од Кина тврдат дека Озил наседнал на лажни вести: Нека дојде сам и нека провери

Meсут Озил предизвика бес кај кинескиот народ поради објавата на Инстаграм и во оваа земја тврдат дека играчот на Арсенал наседнал на лажните вести кои доаѓаат од оваа земја.

Озил го критикуваше односот на Кина кон малцинската група на муслимани после што кинеската телевизија наводно го исклучила пренесот на Арсенал од програмската шема.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фуфбалерот на „топџиите“ остро реагираше на наводната тортура, уништувањето на џамии, испраќање луѓе во логори…Геунг Шуанг застапаник на кинескиот министер го повика Озил лично да дојде и да се увери дека информациите кои стигнале до него се погрешни.

„Не знам дали господинот Озил претходно бил во Ксиџинанг, но можам да кажам дека е измамен од лажните вести и изјави. Го повикуваме господинот Озил да дојде и да погледне како стојат работите. Ако во него има разум и размислва објективно ќе види еден поинаков Ксинџинанг“, порача кинескиот функционер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…