Дома Фудбал Италија Од каде имал понуди, постоел ли контакт со Наполи, зошто токму Јуве…Конференцијата на Роналдо која се чекаше!

Од каде имал понуди, постоел ли контакт со Наполи, зошто токму Јуве…Конференцијата на Роналдо која се чекаше!

Kристиано Роналдо денес и официјално потпиша договор со Јувентус, на конференцијата од 18:30 часот одговараше на новинарските прашања.

Во просториите се собраа околу стотина навивачи кои сакаа да бидат дел од претставувањето на Роналдо. Португалецот одговараше на повеќе прашања, но секако најважно беше она зошто го избрал Јувентус за негов нов клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа не е прашање на кое може лесно да се даде одговор. Јувентус е еден од најдобрите клубови во светот. Добро размислив пред да ја донесам одлуката. Пријателите и колегите ми кажаа дека тоа е клуб во кој би можел да играм и поради тоа донесов одлука да дојдам тука. Ова е голем клуб, најголем во Италија. Одлуката во никој случај не беше лесна“.

„Се уште го сакам фудбалот, уште сум млад и сакам предизвици. Ова не е само кариера, туку исполнување на сонот. Играв за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и сега Јувентус. Не ни можев нешто подобро да замислам. Ова е нов предизвик во мојата кариера. Можев да одам во Кина, Катар или САД, но јас го избрав Јувентус. Тоа го направив бидејќи се уште сакам да играм најависоко ниво“.

„Во Реал поминав девет одлични сезони, но дојде време за нов чекор во кариерата. Ќе се обидам овде да покажам дека сум голем играч. Знам дека ова е тешко првенство, но сакам нови искуства. Секогаш имам тешки предизвици, не сакам да седам и да гледам што сум постигнал, туку сакам да работам напорно и сигурен сум дека можам да го дадам својот максимум“.

„Знам дека трофејот во Лигата на шампионите е нешто кое го посакува секој клуб. Сигурно дека ќе се бориме за таа титула. Тој трофеј не се освојува лесно, но се надевам дека ќе му помогнам на Јувентус конечно да ја освои Лигата на шампионите, се надевам дека ќе им донесам среќа“.

Во медиумите се појавија и шпекулации дека Наполи бил заинтересиран, но Роналдо откри дека немал контакт со стратегот на клубот од Неапол, Карло Анчелоти.

„Не сум бил во никаков контакт со Карло Анчелоти. Можам само да кажам дека тој е човек кој засекогаш ќе остане во моето срце бидејќи ме научи многу. Ќе биде убаво што ќе имаме можност да се сретнеме“

Роналдо на крајот потврди и дека со тренинзи ќе започна на 30 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…