Роналд Куман уште не успеа да пронајде адекватна замена за Ромелу Лукаку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вистина, доведен е Сандро Родригез од Малага, но Шпанецот не е тој тип на напаѓач, како ни повратникот Вејн Руни, кој со време се прекваликуваше во играч за врска, во најдобар случај полушпиц.
Го посакуваше Никола Калиниќ, но Далматинецот го избра Милан, Оливие Жиру и Кристијан Бентеке се тешки, скоро невозможни мисии, бидејќи Арсенал и Кристал Палас не сакаат ниту да чујат за нивна продажба, па Куман се насочи кон Диего Коста.
Бразилецот со шпански пасош не е повеќе во плановите на Конте, не смета на него иако е и натаму на платениот список на Челси, иако е еден од најзаслужните за шампионската титула во Англија од изминатата сезона.
Коста сака да се врати во Атлетико Мадрид, но проблем е што клубот има забрана до јануари за доведување на нови играчи. Тие би сакале да замине некаде на позајмица до зимата, а потоа да се пресели на „Висенте Калдерон“.
Менаџерот на Карамелите денес повтори дека на „Гудисон парк“ за него вратите се отворени, така што постои можност до крајот на преодниот рок тој да премине на позајмица во Евертон, што би значело одекнување на уште една голема трансфер експлозија.