Интересна одлука донесе управата на шпанската Ла Лига.
Со оглед на тоа што ширум светот денеска се прославува Денот на жените, управата на шпанската лига одлучи во чест на жените на судиите овој викенд да им додели посебни свирчиња.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Така, во сите рангови на натпревруавња судиите ќе користат посебни виолетови свирчиња и на тој начин ќе изразат почит кон припадничките на понежниот пол.
? Los árbitros y árbitras de Primera División, masculina y femenina, y de Segunda División, darán el pitido inicial de la próxima jornada con un silbato violeta para unirse al #DíaDeLaMujer bajo el lema #PitamosTodos pic.twitter.com/o6vJu95GE7
— RFEF (@rfef) March 7, 2019
Натпреварите од 27. коло во шпанската Ла Лига почнуваат од вечерашниот дуел помеѓу Атлетик Билбао и Еспањол, а натпреварите ќе се играат уште во сабота и недела.
Се разбира, овој потег заслужува пофалба и навистиан е пример за сите лиги ширум светот. Исто така, и најавата за овој „настан“ е одработана на врвно ниво и нивната желба е жените да бидат во прв план.
El fútbol, el talento, el esfuerzo… como todo en la vida, NO TIENEN SEXO. La magia del deporte es para TOD@S. #EllasJueganGanamosTodos pic.twitter.com/jJ0zflSSWk
— Liga Iberdrola (@LigaIberdrola) March 6, 2019