Дома Фудбал Англија Одложен уште еден натпревар во Премиер лигата

Одложен уште еден натпревар во Премиер лигата

Продолжува одложувањето натпревари во Премиер лигата поради коронавирусот.

Последен во низата е дуелот помеѓу Арсенал и Вулверхемптон кој требаше да се игра утре. Овој натпревар е одложен поради големиот број заразени фудбалери во редовите на Вулверхемптон.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Волците“ не играа против Вотфорд на „Боксинг деј“, а сега е потврдено дека е одложен и дуелот со Арсенал. Натпреварот помеѓу Ливерпул и Лидс веќе одложен поради истата причина. Така место шест дуели утре на програмата ќе бидат четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Зовре“ атмосферата во Милан: Залудно „фрлија“ 55 милиони на засилувања, бараат нови двајца фудбалери

По испаѓањето од Купот од Лацио, Милан го изгуби и вториот трофеј сезонава, бидејќи беше п…