Дома Останати Кошарка НБА Одличниот Јокиќ го водеше Денвер до нова победа, Лејкерси конечно победија 🎥

Одличниот Јокиќ го водеше Денвер до нова победа, Лејкерси конечно победија 🎥

Кошаркарите на Денвер вчера стигнаа до победа против Мемфис од 120:96, а уште еден одличен меч одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Денвер и Мемфис одиграа интересен натпревар кој беше решен во последната четвртина кога кошаркарите на Денвер успеаа да го „скршат“ натпреварот и да дојдат до 40. Победа оваа сезона во НБА.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


После првата четвртина Денвер водеше со 21:18, додека на пауза се замина со резултат 58:53 за Денвер. Мемфис држеше приклучок  и после третата четвртина, но потоа во последнета четврти се беше решено. Денвер последната четвртина ја доби со 35:21 и на крајот заслужено славеше со 120:96. Повторно еден од најдобрите на паркетот беше Јокиќ кој игра одлична сезона.

Јокиќ успеа да запише дабл-дабл со 24 поени, 15 скокови и 5 асистенции и ја водеше својата екипа до победа. Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер со 31 поен Во екипатана Мемфис вчера расположен беше Морант кој уфрли 27 поени и додаде по шест скокови и шест асистенции. Но тоа не беше доволно неговата екипа да го избегне поразот.

Одличен натпревар вчера одиграа Сакраменто и Далас, а на крајот славеа Кингси со 113:106. Сакраменто до победата ги предводеше Холмес со 24 поени и шест скокови, додека во екипата на Маверикс повторно најдобар беше Дончиќ со 24 поени, 8 асистенции и 7 скокови.

Лејкерси конечно ја прекинаа серијата порази и славеа после три натпревари. Актуелните шампиони триумфираа против Орландо со 114:103. До победата Лејкерси ги водеше Денис Шродер со 21 поен и 10 асистенции, додека Ентони Дејвис додаде 18 поени, 8 скокови и 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…