Кога го напуштате фудбалскиот стадион пред крајот на натпреварот тогаш морате да бидете свесни дека превземате голем ризик. Што ако се случи чудо?
Неодамна имавме случај во кој еден навивач на Манчестер Сити го напушти стадионот неколку минути пред крајот на натпреварот мислејќи дека неговиот се пласирал во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш Стерлинг погоди за 5:3, но навивачот дури пред стадионот дозна дека тој гол беше поништен после прегледувањето на ВАР и дека неговиот тим испаднал.
Oh wow pic.twitter.com/HTs8tiWvL4
— Nooruddean (@BeardedGenius) April 18, 2019
Сега еден навивач на Тотенхем кој не знаел за овој случај или пак тој не бил доволна опоена ја направи истата грешка, но тој плати поголема цена затоа што пропушти да биде сведок на историска вечер за неговиот тим.
Тотенхем вчера на полувреме губеше со 2:0 и во тој момент изгледаше како шансите за англискиот тим да се загубени.
Навивачот кој на Инстаграм е потпишан „spomrty“ тогаш одлучил да го напушто стадионот, а покрај тоа со тој потег се пофали и на социјалните мрежи.
Веруваме дека после ова овој навивач никогаш нема да напушти фудбалски натпревар на својот тим пред судијата да означи крај.