Дома Фудбал Италија Овие четири клуба го мразат Јувентус, ќе направат се за да НЕ биде шампион!

Овие четири клуба го мразат Јувентус, ќе направат се за да НЕ биде шампион!

Кога ќе го погледнете ова, ќе ви стане јасно дека многу срца чукаат за Наполи во трката за шампионската титула.

Ситуацијата е многу јасна, Јуве е на +1, но со многу потежок распоред од Наполи. Прво му гостува на Интер и тоа им е најголемиот ривал кој се ќе направи за да ги спречи овој викенд. Од другата страна, се подготвува инвазија на Наполитанците во Фиренца, таму би требало да го превземе првото место на табелата, навивачите на Фиорентина отворено бараат од клубот и играчите да ги пуштат Наполитанците, поради омразата кон Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И тоа не е крајот, Јуве мора да оди и во Рим, каде што јасно Рома се ќе направи за да ги добие, потребно им е за Лигата на Шампионите, а исто така постои и големо ривалство, покрај тоа Рома и Наполи некогаш беа сојузници. Тука е и Торино и не е тешко да се погоди што чувствуаат тие кон својот градски ривал. Ова јасно, се само шпекулации на медиумите, ќе видиме што ќе се случи на теренот, од другата страна, Јуве зависи од себе, но во ваква форма тешко дека ќе ги победи сите четири натпревари до крајот.

На чија помош можат да сметаат оние против Наполи до крајот?

Можеби само Сампдорија, која ќе се бори за Европа или евентуално доколку Кротоне не обезбеди опстанок, иако тоа би била невозможна мисија.

Тешко може да се случи клубовите да бидат изедначени по бројот на бодови на крајот на шампионатот, меѓусебниот скор им е идентичен, но Јуве има подобра гол разлика. Сепак, како што рече и Алегри, во сабота е можеби клучниот натпревар против Интер, каде што сепак ќе им биде потешко отколку во Рим, пред се поради тоа што Рома ќе биде заморна од натпреварите против Ливерпул во Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…