Дома Фудбал Англија Ова со сигурност е најлошото утро во историјата на Сити – После Агуеро, стигна УЖАСНАТА потврда!

Ова со сигурност е најлошото утро во историјата на Сити – После Агуеро, стигна УЖАСНАТА потврда!

За синиот дел од Манчестер ова утро сигурно е едно од најлошите во нивната историја.

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди ги скина лигаментите на десното колено, а долгата пауза ја потврди и самиот фудбалер на својот Твитер профил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Менди се повреди во саботата во текот на натпреварот против Кристал Палас и победата на Манчестер Сити од 5:0.

Французинот во текот на летниот период беше најскапиот фудбалер на „граѓаните“ кој пристигна во овој клуб за сума од 52 милиони фунти, а со тоа стана и најскапиот одбранбен фудбалер во светот.

На Менди ќе му биде извршена операција во петок во Барселона, а го очекува повеќемесечна пауза, негово враќање можеме да очекуваме на почетокот на наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо се согласи да дојде во Ливерпул, но има два услови кои го стресоа „Енфилд“

Откако беше отпуштен од Реал Мадрид, јасно е дека Чаби Алонсо нема да остане долго без раб…