Утре во 12:00 часот македонскиот шампион Шкупи ќе го дознае својот прв ривал за воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Познати се и петте противници за чаирачни. Шкупи во ждрепката влегува во улога на аутсајдер, а од можните пет три се и тоа како тешки. Тука е Шериф Тираспол кој во изминатата сеозна беше хит во Лигата на шампионите и успеа да го победи Реал Мадрид на „Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа Карабах кој редовно учествува во групната фаза на европските купуви и амбициозниот словачки шампион Слован Братислава. Условно кажано полесни противници се Ликолн Ред Импс од Гибралтар и Шамрок од Ирска. Сепак треба да се спомене дека Линколн во изминатата сезона играше групна фаза во Конференциската лига.