Дома Фудбал Германија Ова се двата ГЛАВНИ кандидати за наследник на Анчелоти!

Ова се двата ГЛАВНИ кандидати за наследник на Анчелоти!

ПСЖ му пресуди, Карло Анчелоти попладнево заработи отказ, но кој ќе го замени искусниот Италијанец на клупата на баварците?

Во Баерн немаа многу трпение, лошите резултати на стартот од првенство и дебаклот во Париз го направија своето. Сега, како привремен тренер на Германците ќе биде назначен помошникот на Анчелоти, Вили Сањол кој е поранешен првотимец на овој тим.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како прва и најреална опција во овој момент се споменува Томас Тухел, човекот кој во овој момент е без ангажман. Tухел е тренер кој во својата кариера нема работено надвор од Германија, а беше тренер на три клуба. Аугусбург, Мајнц и најголемиот ривал на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд. Најдолг период помина во Мајнц каде што се задржа пет години од 2009 до 2014 година и соработуваше една сезона со нашиот Николче Новески, потоа ја превзема клупата на „милионерите“ и во Дортмунд  помина две години.

Втората опција која во овој момент и не е така реална е, Јулијан Нагелсман. Младиот тренер на Хофенхајм е голема желба на гигантот од Минхен, а прв пат започна да се поврзува со овој клуб кога на стартот од сезоната со својот Хофенхајм го совлада Баерн со 2:0. Сепак, засега не е јасно колку Нагелсман ќе има желба да го напушти Хофенхајм после само неколку натпревари во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…