Дома Фудбал Англија Ова е тимот на сезоната во Премиер лигата!

Ова е тимот на сезоната во Премиер лигата!

Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА), го избра најдобриот тим во Премиер лигата сезонава, каде доминираат играчи на Челзи и Тотенхем.

Свечената церемонија, која е 44-та по ред и на која ќе бидат прогласени најдобрите во Премиер лигата, според изборот на ПФА, ќе се одржи наредната недела.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПФА го објави идеалниот тим за сезоната 2016/2017, а во него се наоѓаат голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, додека дефанзивната четворка ја формираа играчите на Челзи – Гери Кејхил и Давид Луиз, односно Тотенхем- Кајл Вокер и Дени Роуз.

Во редот за врска се Нголо Канте од Челзи, Деле Али од Тотенхем, Садио Мане од Ливерпул и еден Азар од Челзи.

Нападот го предводат Хари Кејн од Тотенхем и голгетерот на Евертон Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Милан нудат нов договор за Томори, Модриќ треба да го дочека крајот на сезоната

Управата на Милан си поставила за цел Фикајо Томори да биде следниот фудбалер на тимот кој…