Дома Останати Кошарка НБА Ова е најмладата петорка во историјата на НБА!

Ова е најмладата петорка во историјата на НБА!

Феникс, изминатата ноќ убедливо загуби од Бруклин 128:98, но според еден податок екипата се запиша во историјата на НБА лигата.

Стартната петорка на Феникс Тајлер Улис, Девин Букер, Дерик Џонс јуниор, Мариз Киз и Алекс Лен е најмладата која започнала натпревар во НБА лигата. Возраста на петмината кошаркари во просек изнесува 21 година и 14 денови.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Kако што пренесува ЕСПН, оваа петорка на Феникс, во просек и помлада и од речиси сите тимови кои учествуваат на „мартовското лудило“, завршниот турнир во колеџ, НЦАА лигата.

Помлада стартна петорка има само Универзитетот Пардју, во просек 20 години и 265 денови.

Претходниот рекорд беше во сопственост на ЛА Клиперс, овој тим во 2010 година стартуваше со петорка на просечна возраст од 21 година и 143 денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Соиграчот на Јокиќ потпиша договор вреден 133 милиони долари

Aрон Гордон се согласи на продолжување на соработката со Денвер и според информациите на а…