Дома Фудбал Германија Ова е големата Борусија: 20% помала плата за играчите за 850 вработени да останат во клубот!

Ова е големата Борусија: 20% помала плата за играчите за 850 вработени да останат во клубот!

Играчите на Борусија Дортмунд го прифатија предлогот на управата во текот на периодот на неиграње поради пандемијата од коронавирусот да им се намалат платите за 20% со цел да се зачуваат бројните работни места во клубот.

Додека трае паузата играчите на Борусија ќе зимаат 20% помалку плата од договреното. Во случај да продолжи да се игра без гледачи платите ќе им се намалат за 10%.

Тренерот Лусијан Фавер кој годишно заработува 4.5 милиони евра ја поздрави одлуката да се намалат платите вклучувајќи ја и неговата за некој на кој му е повеќе потребно да ја задржи својата работа.

Борусија за плати годишно троши околу 140 милиони евра и со овој потег раководството ќе заштеди 28 милиони евра. Така сите 850 вработени во клубот на разни позиции ќе си ја задржат работата и ќе добиваат нормална плата и во време на пандемијата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите ова нема да му го простат: Играчот на Шалке тренира во дрес на Борусија (ВИДЕО)

Кога случајно или ќе облечете дрес на најомразениот ривал навивачите тоа го сметаат за гол…