Актуелниот тренер на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, според шпанските медиуми, има најголеми шанси да го наследни Луис Енрике на кормлото на Барселона.
Ернесто Валверде во Билбабо е од 2013 година, а во 2015 година токму во дуелот со Барселона, на овој клуб му го донесе првиот трофеј по пауза од три децении во Суперкупот на Шпанија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Валверде е поранешен тренер на Еспањол, Валенсија, Виљареал и Олимпијакос, а како играч тој беше дел од Барселона, две сезони во 80-те години од минатиот век.
Неговиот договор со Атлетик истекува по завршувањето на сезоната, а тој сеуште не го продолжил, што го прави фаворит за клупата во каталонскиот клуб.
Покрај Валверде потенцијални кандидати за нов тренер на Барселона се и тренерот на Севиља Хорхе Сампаоли, менаџерот на Евертон Роналд Куман, поранешниот тренер на ПСЖ Лоран Блан, менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино и помошникот на Енрике, Карлос Унзуе.