Дефанзивецот на Лестер, Кристиан Фукс доживеа многу чудна повреда пред натпреварот против Хадерсфилд.
Играчите на овој тим се подготвуваа за натпреварот против Хадерсфилд, а австрискиот играч доживеа сосема бизарна и неверојатна повреда. Него го повреди стативот кој се користи за тренинг, а го удри во окото.
„Кристиан го повреди окото. Стативот некако одскокна и го удри во око. Изгледаше многу лошо, но од час во час е подобро. Се уште не знам дали ќе биде подготвен за натпреварот. Не можеше да гледа со окото на почетокот, но ситуацијата се подобрува. Ќе дознаеме повеќе по прегледите“, изјави тренерот на Лестер, Крег Шекспир.
Лестер навистина слабо влезе во новата сезона. По четирите натпревари имаат само три бода, а натпреварот против Хадерсфилд е од големо значење за нив. Искусниот дефанзивец е под знак прашалник за овој натпревар, а во сите четири натпревари оваа сезона беше стартер.