Дома Луд Спорт Ова го може само „Специјалниот“: После едно прашање го прегрна новинарот (видео)

Ова го може само „Специјалниот“: После едно прашање го прегрна новинарот (видео)

0

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо направи шоу по завршувањето на натпреварот со Севиља во Лига на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ одиграа 0:0 против Севиља, а на пресконференцијата новинарите најмногу прашања на Мурињо му поставија за Пол Погба, кој мечот го започна од клупата.

Сепак, еден новинар во микс-зоната му постави прашање за Мек Томини, а тоа прашање го воодушеви „Специјалниот“.

„Може да те прегрнам? Ти благодарам. Тоа е вистинското прашање“, рече Мурињо откако новинарот го пофали Мек Томини и го праша за мислење.

Португалецот потоа му објасни на новинарот дека неговите колеги на пресконференцијата го прашувале само за Погба, а дека Мек Томини заслужил поголемо внимание.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона се распрашува за „егзекуторот“ на Германија

Раководството на Барселона стапило во контакт со агентите на фудбалерот на ПСВ, Ирвинг Лоз…