Дома Фудбал Оваа фотографија е направена пред шест години. Еве зошто сега сите ја споделуваат

Оваа фотографија е направена пред шест години. Еве зошто сега сите ја споделуваат

МАНЧЕСТЕР СИТИ не успеа да се пласира во осминафиналето од Лига купот.

По осум последователни победи во сите натпреварувања, Сити гостуваше на Ст. Џејмс Парк, каде Њукасл беше подобар пред 59.000 навивачи.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Александар Исак погоди за конечни 1:0 и пласман на Њукасл во осминафиналето на натпреварувањето. И покрај многуте ѕвезди во тимот на Сити и покрај тоа што не играше на натпреварот, тема на денот беше Мика Хамилтон.

Пеп Гвардиола за прв пат го вклучи во првиот тим на Манчестер Сити и со тоа го најави доаѓањето во тимот полн со ѕвезди.

Социјалните мрежи веднаш беа преплавени со истата фотографија, а клубот на помалку познатите им откри за кого станува збор. На фотографијата што се споделува е Гвардиола со собирач на топки.

Направена е пред шест години на натпреварот на Сити против Кристал Палас, и покажува како еден од најголемите тренери на сите времиња му шепоти на едно момче. Тинејџерот на фотографијата сега е 19-годишниот Хамилтон.

Хамилтон е роден во Манчестер и е во Сити од неговиот У-9 тим. Тој игра на позицијата офанзивен играч за врска, а особено се истакна во клупскиот тим до 18 години, за кој на 29 натпревари постигна 12 и асистираше за осум гола. Како член на селекцијата до 21 година на 25 натпревари постигна четири гола и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…