Дома Топ вести Објавен списокот за ЕП: Митревски и Кизиќ позитивни, Лазаров повика двајца нови голмани!

Објавен списокот за ЕП: Митревски и Кизиќ позитивни, Лазаров повика двајца нови голмани!

Maкедонската репрезентација денес во 14:10 заминува за Дебрецин на Европското првенство.

Вчера беше објавено дека во таборот на репрезентацијата имало петмина позитивни ракометари, имињата не беа објавени. Но со објавувањето на денешниот список стана јасно дека најголем удар од коронавирусот е што нема да сметаме на голманот Никола Митревски кој добил позитивен тест.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Митревски бранеше во фантастична форма во Португалија, а беше избран и за најдобар голман во португалското првенство за 2021 година и сигурно ќе недостасува. Голманската тројка сега ја сочинуваат: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски.

Покрај Митревски позитивни тестови добија уште: Марко Кизиќ, Гоце Ојлески и Mихајло Младеновиќ.

КОМПЛЕТЕН СПИСОК

Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски

Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски

Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски

Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски

Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Винисиус до Коке: Ти си губитник, јас имам две титули во ЛШ 🎥

Teнзично дерби одиграа градските ривали, Атлетико и Реал за викендот, а на крајот тоа завр…