Дома Фудбал Останато Облак со најмногу „суви мрежи“ во Топ 5 првенставата во Европа

Облак со најмногу „суви мрежи“ во Топ 5 првенставата во Европа

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, одигра уште една одлична година. Словенецот е голманот со најмногу „суви“ мрежи во Топ 5 европските првенства во Европа за 2019 година.

Облак имаше фантастична сезона и зад себе остави голмани како Алисон, Едерсон и Марк-Андре тер Штеген.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Облак има 25 настапи без примен гол во вкупно 46 натпревари. Втор е Тер Штеген со 22 од 49, а потоа следат Едерсон (21 од 45), Хандановиќ (18 од 46) и Алисон (17 од 39).

Во првите 10 се најдоа и Кејлор Навас (16/31), Маинјан од (16/44), Пикфорд (15/37), Бутеле од Анже (15/39) и Ваклиќ од Севиља (14/39). Покрај тоа, Облак беше повторно номиниран оваа година за Наградата за најдобар голман, именувана по легендарниот Лев Јашин.

Сепак, таа отиде во рацете на чуварот на мрежата на Ливерпул и бразилската репрезентација, Алисон Бекер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…