Дома Топ вести Челзи испрати официјална понуда за Облак

Челзи испрати официјална понуда за Облак

Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага го загуби местото во првиот тим бидејќи менаџерот Френк Лампард не е задоволен од неговите изданија.

Лампард во последните неколку меча го премести Кепа на клупата за резерви и веќе почна да бара нов голман за следната сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лампард наводно влегол и во конфликт со директорите на клубот и сака да го исфрли Кепа од тимот, па медиумите тврдат дека „сините“ имаат план.

Имено, Челзи повторно сака да го сруши рекордот и да го донесе Јан Облак на „Стенфорд Бриџ“, кој има откупна клаузула од 100 милиони евра.

Словенецот важи за еден од најдобрите голмани во светот, па Атлетико тешко ќе се откаже од него.

Челзи е спремен во Мадрид да го исптрати Кепа, плус 30 милиони евра за потписот на Облак.

Облак и оваа сезона е во фантастична форма и на 34 меча прими 25 гола. Само за споредба, Кепа на 31 меч прими 46 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…