Дома Топ вести Неверојатниот Облак постави нов рекорд во Шпанија

Неверојатниот Облак постави нов рекорд во Шпанија

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак вчера успеа да ја зачува својата мрежа на гостувањето кај Осасуна и така во рекорден рок стигна до 100 натпревари во Примера без примен гол.

Феноменалниот Облак уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите голмани на дешеницата. Тој во победата над Осасуна од 5:0 стигна до 100-тиот натпревар во првенството на кој не примил гол.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На Облак за овој учинок му беа потребни 182 натпревари со што го надмина рекордот на Мигел Реина кој до 100 натпревари без примен гол стигна за 222 натпревари.

Словенечкиот голман во Атлетико пристигна во сезоната 2014/2015 од Бенфика и во текот на досегашниот престој во Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија, Лигата на Европа и УЕФА Суперкупот.

Два пати со „јорганџиите“ завршуваше како второпласиран во трката за титуката ви Ла Лига, а на чекор од трофеј беше и во сезоната 2015/2016 кога Атлетико изгуби во финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…