Дома Фудбал Англија Обамејанг: Средбата со мојот брат, беше причината за договор со Арсенал

Обамејанг: Средбата со мојот брат, беше причината за договор со Арсенал

Пјер Емерик Обамејанг во последниот ден од јануарскиот преоден рок одлучи да ја напушти Борусија Дортмунд и кариерата да ја продолжи во Арсенал.

Габонецот веќе на дебито за лондонскиот тим постигна погодок и покажа дека е големо засилување. Обамејанг имаше неколку богати понуди од Кина, но и од европските клубови, но на крајот се одлучи да потпише за Арсенал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Обамејанг за англиските медиуми истакна дека Хенрик Михтаријан е главниот „виновник“ што на крајот го избрал Арсенал. Михтаријан само неколку дена пред него пристигна на „Емирати“ и се чини не му било потребно долго време да го убеди некогашниот соиграч од Дортмунд и тој да пристигне во Арсенал.

„Ме повика неколку пати и ме праша дали ќе дојдам. Мене ме интересираше дали тој ќе потпише и ми кажа дека се е завршено и дека оди во Арсенал. Тоа беше главниот фактор што и јас на крајот пристигнав. Тоа е како повторна средба со братот, игравме во минатото и среќен сум што повторно носиме ист дрес“, истакна Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…