Лионел Меси ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата, а исто така тој е еден од фудбалерите кои многу ретко се поврзуваа со некакви афери надвор од теренот.
Меси долго време е со Антонела со која се познаваат уште од детството, па скоро и никогаш не бил вмешан во некакви скандали, сепак тоа сега се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинската манекенка Џоана Гонзалес тврди дека пред 12 години поминала ноќ со Меси.
„Тоа е ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Се случи во 2011-та. Лео тогаш беше млад, но знаеше што прави, најважно е што беше полнолетен. Во тој период ја бев вљубена во него“, изјавила Џоана.
Сигурно дека не е исклучена можноста ваквата изјавава манекенката да ја дава и само поради медиумско внимание.