Дома Фудбал Германија Нојер го престигна легендарниот Оливер Кан

Нојер го престигна легендарниот Оливер Кан

Германскиот голман Мануел Нојер го изедначи рекордот на легендарниот Оливер Кан.

Баерн синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах со високи 6:0, заверувајќи ја титулата која беше освоена пред натпреварот да започне, со оглед на поразот на Лајпциг во Дортмунд.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За капитенот Нојер ова беше 204. натпревар во кој ја зачува мрежата. За тоа му требаше 444 натпревари, додека за истиот подвиг на Кан му беа потребни 557 натпревари.

Нојер е класа, сега само е во прашање кога ќе стигне до рекордниот 205. натпревар без примен погодок, со што дефинитивно ќе го сруши рекордот на поранешниот капитен и голман на Баерн.

Нојер во Баерн пристигна во 2011. година од Шалке, а од 2009. година е голман на германската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…