Норвешкиот ски-скокач Даниел Андре Танде денес имаше страшен пат на скокалницата во Планица.
Само што се одлепи од земјата Танде изгуби рамнотежа, меѓутоа некако успеа да се извлече и да не падне директно на глава ситуација во која можеше да има и поголем инцидент.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
По ударот во земјата тој се онесвести, а веднаш реагираше и брзата помош.Според последните информации сега е во стабилна состојба откако бил пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана.