Дома Фудбал Нов шок за Барса – Суарез го пропушта стартот на Примера

Нов шок за Барса – Суарез го пропушта стартот на Примера

Постои голема можност дека Барселона почетокот на новата сезона во Ла Лига ќе го почне без Луис Суарез, откако уругвајскиот напаѓач претрпе повреда во натпреварот против Реал Мадрид.

Имено, Реал славеше и во реваншот од шпанскиот Суперкуп против Барселона со 2:0, а сега навивачите на каталонскиот клуб би можеле да добијат уште повеќе лоши вести, бидејќи пред крајот на овој натпревар се повреди Луис Суарез.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Суарез играта ја напушти поради повреда на коленото, а напаѓачот на Барса ќе биде подложен на прегледи за да биде утврден степенот на неговата повреда. Барселона остана без Нејмар кој си замина во ПСЖ, а сега повредата на Суарез ќе биде голем удар за Ернесто Валверде, пред првиот натпревар од првото коло во Ла Лига против Бетис.

„Доби удар во коленото, но ќе мора да почекаме за да ја процениме ситуацијата“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов: Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг …